24фудбал

Венгер им одговори на критичарите: И да заминам Арсенал ќе продолжи да губи

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер одговори на се пожестоките критики од фановите, вели дека клубот сигурно нема да бележи победи на секој натпревар доколку тој си замине

Англија

„Топчиите“ во средата претрпеа дебакал на гостувањето кај Баерн Минхен од 5-1, па фановите жестоко удрија по Арсен Венгер и одново побараа Французинот да го напушти клубот.

„Дури и да заминам, Арсенал нема да бележи победи на секој натпревар – рече Арсен Венгер на денешната прес конференција.

Фановите не се единствените кои го посакуваат „скалпот“ на менаџерот, поранешни играчи на Арсенал и стручни коментатори побараа Арсен Венгер да го напушти кормилото на клубот, а некои дури предложија тој да замине во пензија.

Французинот е под договор со „Топчиите“ до крајот на сезоната, но се верува дека на маса има нов две годишен договор.

„Важно е клбот да ја донесе правата одлука. Тука сум 20 години па секако дека се грижам.

„Имав многу прилики да заминам на друго место, но се грижев за овој клуб и неговата иднина.

„Важено е клубот да биде во безбедни раце.

„Без разлика што ќе се случи, јас ќе работам и следната сезона. Не е сигурно само тоа дели ќе работам во Арсенал или на некое друго место.