24фудбал

Илчо Ѓорѓиоски останува претседател на ФФМ

Илчо Ѓорѓиоски едногласно е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија со четиригодишен мандат до 2021 година.

Македонија

Илчо Ѓорѓиоски едногласно со 91 гласа „за“, ниту еден против и воздржан е реизбран за претседател на ФФМ. Тој и во наредните четири години ќе биде на челот на македонскиот фудбал.

„Чест но и голема одговорност е д асе биде претседател на ФФМ. Вратата на ФФМ останува отворена за сите. Иднината на фудбалот не е само во рацете на претседателот на ФФМ ниту во федерацијата. Таа е во рацете на сите. Ви благодарам за поддршката и во следните четири години да го водиме македонскиот фудбал, кој има со што да се гордее согласно сработеното изминативе години“ - изјави претседателот Ѓорѓиоски.

Генералното собрание го усвои извештајот на УО на ФФМ со кој се поништи изборното собрание на ОФС Тетово а со тоа и кандидатурата на Мирсад Јонуз кој сакаше да биде противкандидат на Илчо Ѓорѓиоски.

Собранието го усвои финансискиот извештај и извештајот на независниот ревизор за 2016 година, а беше усвоен и буџетот на ФФМ за 2017 година. 

Ѓорѓиоски на чело на федерацијата е од 2012 година кога дојде на местото од Харалампие Хаџи Ристески.