24фудбал

Иско се огласи по големиот број на шпекулации за заминување од Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско ги прокоментира големиот број гласини за неговата иднина и порача дека ќе донесе одлука по крајот на сезоната

Шпанија

Шпанецот не добива голема минутажа, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, па често се говори за негово заминување од Сантијаго Бернабеу.

Дури се шпекулира дека Иско би можел да се пресели во редовите на лутиот ривал на Реал Мадрид, Барселона.

По вчерашниот дуел со Еспањол, на кој Иско беше еден од најдобрите играчи со две асистенции, репрезентативецот на „Црвената Фурија“ ги прокоментира големиот број на гласини.

„Јас сум спокоен, но да, ме загрижува малата минутажа – вели Иско во разговор со беИН Спортс. „Кариерата на фудбалерите е мала.

„Среќен сум тука и би сакал да останам уште многу години.

„На крајот од сезоната ќе донесам одлука, се работи за мојата иднина.