24фудбал

Вардар сигурен против Шкупи, без победник во дербито на Пелагонија

Стартуваше пролетниот дел од сезоната во Македонската Прва Лига, Вардар тргна со победа од 3-0 против Шкупи, Шкендија со 2-0 го совлада Силекс, Победа и Пелистер одиграа 2-2.

Македонија

Натпреварот помеѓу Вардар и Шкупи се играше пред празни трибини поради суспензијата на црвено-црните.

Резултатот беше отворен уште во втората минута од натпреварот, кога по изболкиран удар на Блажевски, топката ја зафати Кривањева и ја внесе во сопствената мрежа.

Резултатот беше зголемен во 16. минута со едно ремек дело на Фелипе. Бразилецот упати силен удар од триесетина метри и го погоди горниот десен агол на Шкупи за водство од 2-0.

Потоа мрежите мируваа се до 82. минута од натпреварот кога Блажевски ги постави конечните Вардар - Шкупи 3:0.

Пелагониското дерби помеѓу Победа и Пелистер кое овој пат се играше на стадионот во Струмица, заврши без победник 2-2. Битолчани два пати водеа, но не успеаа да го освојат целиот плен.

Пелистер поведе со гол на Бојовиќ во 10. минута, Гешоски изедначи од пенал во 22. Ново водство за битолскиот тим донесе Илијоски од пенал во 68. минута, но само две минути подоцна Крстески изедначи на 2-2.

Шкендија со 2-0 го победи Силекс и со три бода го почна пролетниот дел од сезоната.

Кратовчани одолевеа се до последните моменти од првото полувреме кога Хасани погоди за водство од 1-0. Победата беше заверена во 83. минута кога конечните 2-0 ги постави Меџедовиќ.

Работнички со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров и се искачи на третата позиција на табелата.

Сахити уште во 10. минута го отвори мечот, а Филип Ивановски со два гола од пенал во вториот дел ги постави конечните 3-0 за Работнички. Романтичарите мечот го завршија со десет играчи откако Трајчевски на пет минути до крајот доби втор жолт картон.

Ренова со гол на Усеини во 10. минута победи на гостувањето кај Брегалница со 1-0. Штипјани уште од 36. минута играа со фудбалер помалку бидејќи Велковски набрзина заработи два жолти картони.


Резултати:

Брегалница - Силекс 0:1

Македонија ЃП - Работнички 0:3

Победа - Пелистер 2:2

Шкендија - Силекс 2:0

Вардар - Шкупи 3:0


Табела по 19 коло: Вардар 44, Шкендија 40, Работнички 31, Пелистер 30, Ренова 26, Силекс 24, Победа 16, Шкупи 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 11.