24фудбал

Пандев и соиграчите спасуваа глава, навивачите на Џенова го напднаа тимскиот автобус

Улстрас фановите на Џенова го напднаа автобусот во кој се превезуваат фудбалерите, благодарение на брзата интервенција на полицијата е спречен посериозен инцидент.

Англија

Џенова е во голема криза, нема победа од декември, од последните осум меча освои само два бода. Незадоволството кај навивачите кулминира по денешниот дебакл на гостувањето кај последнопласираната Пескара од која загубија со неверојатни 5-0.

Италијанските медиуми информираат дека околу 200 ултрас фанови на Џенова, бесни поради лошите игри фудбалерите го нападнале тимскиот автобус. Фрлале со јајца и ги навредувале играчите. Посериозен инцидент спречила полицијата која брзо интервенирала, направила коридор за да може автобусот да го напушти аеродромот во Џенова.

Горан Пандев одигра 60 минути на денешниот меч, но не успеа да му помогне на тимот да се спаси од големиот срам.

Тренерот Јуриќ ќе добие отказ, а како негови можни наследници се споменуваат имињата на Мандорлини и Реја.