24фудбал

Милан ја совлада Фиорентина, деби погодок за Деулофеу (ВИДЕО)

„Росонерите“ со 2-1 ја добија пресметката со Фиорентина и останаа во трката за местата кои водат во Европа

Италија

Во последниот натпревар од 25. коло во Серија А, „Росонерите“ пред своите фанови вечерва го добија дуелот со Фиорентина.

Со голот на Куцка, домаќините поведоа со 1-0 во 17. минута, но за кратко време гостите се вратија преку Калиниќ.

По половина час игра, Деулофеу го постигна својот деби погодок во Серија А и го врати Милан во предност од 2-1, резултат кој остана непроменет до последниот свиреж.

Претходно, Рома ја наполни мрежата на Харт и Торино и со победа од 4-1 стигна до нови три бода.

Џеко го отвори резултатот во 10. минута,а  Салах зголеми на 2-0. Паредес со прекрасен гол од преку 25 метри донесе предност од 3-0 во 65. минута.

Лопез во 84. минута постигна почесен гол за гостите, а точка на натпреварот стави Наинголан во судиското надополнување.