24фудбал

Мурињо почна со психолошките игри: Шампионот Челси треба да се грижи само за една работа

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го прогласи Челси за шампион на Англија и ги започна за него препознатливите психолошки игри

Англија

Ждрепката за четвртфиналето од ФА Купот сакаше да ги спои Челси и Манчестер јунајтед, па Жозе Мурињо во март ќе се врати на Стемфорд Бриџ.

„Специјалниот“ уште сега ги започна психолошките игри, и вели дека не знае на што попрво да мисли со оглед на тоа дека „Црвените Ѓаволи“ се борат на четири трофеи.

За разлика он нив, Жозе Мурињо верува дека Челси го има само ФА Купот со оглед на тоа дека „Сините“ веќе ја освоиле титулата во Премиерлигата.

„Веројатно Челси ќе мисли само на ФА Купот бидејќи тие веќе се шампиони и нема за што друго да се борат – вели Португалецот.

„Ние треба да играме против Сент Етјен (во среда), потоа имаме финале (во Лига Купот, и се надевам уште еден противник во Лига Европа.

„Исто така се бориме и за топ четири во Премиерлигата. Не знам на што попрво да мислам.