24фудбал

Кваљарела со солзи во очите проговори за кошмарот кој го преживеал: Не сакам тоа да му се случи на никого

Поранешниот фудбалер на Наполи и Јувентус, Фабио Кваљарела проговори за кошмарот низ кој поминувале тој и неговото семејство изминативе години

Италија

Во 2009, напаѓачот се врати во родниот Неапол и го облече дресот на Наполи, но замина по само 12 месеци и се пресели во Јувентус.

Фановите на Наполи тешко го прифатија трансферот и упатија голем број навреди на адреса на Фабио Кваљарела.

Играчот сега ја откри вистинската причина, вели дека поради демнач бил приморан да замине од југот на Италија.

Полициски офицер постојано го следел и му го направил животот кошмар, обвинувајќи го за педофилија и за поврзаност со мафијата, а му испраќал и смртни закани.

Минатата недела заврши процесот против полицаецот кој беше осуден на затворска казна од 4 години и 8 месеци.

„Оваа недела заврши проблемот кој го имав надвор од терените и кој ми го претвори животот во кошмар – рече Фабио Кваљарела по вчерашниот дуел на Сампдорија против Каљари, средба на која тој постигна гол.

„Ми падна огромен товар од срцето, и ова е вистинската причина поради која морав да заминам од Неапол и Наполи.

„Бев среќен таму, но немав друг избор по ситуацијата која прерасна во прав кошмар.

„Не би му го посакал тоа на никого. Не можев да го напуштам домот, а ниту пак моето семејство можеше. Мило ми е што правдата на крајот излезе на виделина.

„Беше уште поболно тоа што за време на истрагата не можев да им кажам на луѓето што ми се случува.