24фудбал

„Дебелкото“ од Сатон во проблеми кај ФА, јадел пита поради обложувалница!?

Резервниот голман на Сатон, Вејн Шо веројатно ќе се најде под истрага откако призна дека знаел дека обложувалница нуди коефициент за тоа дали тој ќе јаде пита за време на дуелот со Арсенал

Англија

46 годишниот Вејн Шо ужива во своите пет минути слава, „дебелкото“ од Сатон е во центарот на вниманието откако за време на вчерашниот дуел со Арсенал реши да јаде пита покај аут линијата.

Но ваквиот потег веројатно ќе му донесе проблеми кај ФА, откако голманот призна дека знаел за понудата на обложувалницата Сан Бетс и високиот коефициент 9 за тоа дека тој ќе јаде пита за време на натпреварот.

„Дел од момците ми рекоа пред натпреварот: „Што е работата со коефициентот 9 за да јадеш пита?“ – вели Шо.

„Им кажав: „Не знам ништо, не сум јадел ништо цел дена, па можеби ќе го сторам тоа подоцна“.

„Сите замени беа направени па си реков зошто да не, ајде малку да ја подбуцнам обложувалницата.

Тој додава дека не се обложил, но неговите пријатели го сториле тоа.

„Мислам дека имаше неколку луѓе кои се обложија. Очигледно на мене и на играчите на Сатон тоа не ни е дозволено. Мислам дека неколку пријатели и неколку фанови се обложија.

„За нив тоа беше обична шега, нешто на кое ќе се сеќаваат во иднина, и да кажат дека си ги вратиле парите кои ги дале за билет.