24фудбал

Претседателот на Сатон открива од кој потег на Венгер бил особено импресиониран

Претседателот на Сатон, Брус Елиот е задволен од начинот на кој се однесувале сите во Арсенал, а особено бил импресиониран од еден потег на Арсен Венгер

Англија

Малиот клуб од јужен Лондон вчера пружи борба и прикажа храбра игра против далеку поголемиот градски ривал, па и покрај тоа што Сатон доживеа елиминација од ФА Купот, играчите можат да бидат горди на она што го понудија.

За петтолигашот средбата со „Топчиите“ беше најголемиот дуел во историјата и специјално доживување.

Првиот човек на клубот, Брус Елиот е задоволен од начинот на кој се однесувале сите од Арсенал, а особено бил импресиониран од еден потег на Арсен Венгер.

„Нема да заборавам како сите од Арсенал се однесуваа прекрасно – вели претседателот на Сатон. „Имав одличен разговор со Арсен Венгер во соблекувалната по крајот на натпреварот.

„Разговаравме за натпреварот, општо за фудбалот и морам да признам дека тој е голем џентлмен.

„Знае што значи да се биде во мали соблекувални од времето кога работеше во Франција пред многу години.

„За време на разговорот добив импресија дека го пуштил Алексис Санчез во игра бидејќи знел што ќе значи тоа за сите нас и фановите кои го следеа натпреварот.

„Знам дека многумина беа изненадени од неговата одлука да го внесе Санчез во игра, но мислам дека покажа голама класа со овој потег.

„Бев на трибината кога нашиот менаџер Пол Досвел стана од клупата, ме погледна и ми сугерираше дека Санчез влегува во игра.

„Изгледот на неговото лице кажа сè”.