24фудбал

Гризман до Симеоне: Не го вади Гамеиро, тој е најдобар! (ВИДЕО)

Антоан Гризман не се сложи со одлуката на Диего Симеоне да го извади од игра Кевин Гамеиро, во неверица му довикуваше на тренерот дека најдобриот играч го напушта теренот

Лига на Шампиони

Кевин Гамерио имаше одлична вечер во Леверкузен, му асистираше на Гризман за 0-2, а потоа од пенал погоди за 1-3.

При резултат 2-3, Диего Симеоне во 71. минута реши од игра да го повлече напаѓачот и да внесе играч од средниот ред за да го успори темпото и да ја осигура победата.

Сепак, ваквиот потег на „Чоло“ не му се допадна на Антоан Гризман. Камерите ја уловија првата ѕвезда на Атлетико како во неверица му довикува на тренерот дека најдобриот играч го напушта теренот.

„Не, не, не. Не го вади него од игра. Тој е најдобар, тој е најдобар!“ – довикуваше Гризман кон клупата.  

„Колчонероси“ на крајот со погодокот на Торес славеа со 2-4 и со една нога се во четвртфинале од Лигата на Шампионите.