24фудбал

Гвардиола: Ништо не е готово, Монако може да даде „милион“ голови

Пеп Гвардиола вели дека е среќен поради победата од два гола разлика над Монако знаејќи дека резултатот многу лесно можеше да биде и поинаков.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити и Монако одиграа епски меч кој го добија домаќините со 5-3. Францускиот тим два пати имаше водство, но на крајот го „положи оружјето“ на Етихад.

Сепак Пеп е претпазлив и знае дека приказната се уште не е завршена.

„Уште ништо не се знае. Игравме против неверојатен тим и морам да бидам среќен поради овој резултат. Напаѓавме и остававме простор позади за контро, затоа не казнуваа. Гледавме фантастичен фудбал и мислам дека денес бев посреќен од мојот колега“ - вели Гвардиола.

„Но ако некој тим е способен да постигне милион голови, тогаш тоа е Монако. Имаат така брз напад, многу се опасни. Направивме две грешки при нивните голови од кои ќе извлечеме понуди. Во второто полувреме имавме среќа толку колку што ја немавме во првиот дел“.

„Они играат премногу отворено и поради тоа лошо се бранат. На реваншот одиме со желба да постигнеме повеќе голови од нив. Сега добро се запознавме и треба да очекуваме уште еден спектакуларен меч. Ако таму не дадеме гол ќе испаднеме. Се сложувам дека промашениот пенал на Фалкао беше клучен, но Кабалеро фантастично бранеше и да не беше он ќе примевме пет голови“.