24фудбал

Валенсија одигра за Барса и Севиља, пораз на Реал на Местаља (ВИДЕО)

Валенсија со 2-1 славеше над Реал Мадрид во заостанатиот натпревар од 16. коло за да ја направи трката за титулата во Шпанија поинтересна

Шпанија

„Кралевите“ не ја искористија првата „брејк топка“ откако вечерва на Местаља загубија со 2-1.

Во заостанатиот натпревар од 16. коло, Валенсија со 2-1 славеше над Реал Мадрид и одигра за Барса и Севиља.

Домаќините имаа фуриозни први десет минути во кои одбраната на гостите два пати капитулираше.

Ѕаѕа го отвори резултатот во 4. минута, а по еден брз против напад, Орељана зголеми на 2-0.

Роналдо кон финишот на првиот дел намали на 2-1, но тоа беше се што направија избраниците на Зинедин Зидан.

Реал останува на врвот на табелата со +1 во однос на Барселона и +3 во однос на Севиља, и со еден натпревар помалку.