24фудбал

Мурињо се правда по повредите на Мхитарјан и Карик: Можеа да се повредат и дома!

Жозе Мурињо ја бранеше одлуката на теренот да испрати силен состав против Сент Етјен откако Хенрих Мхитарјан и Мајкл Карик заработија повреди

Англија

Манчестер јунајтед со победа од 3-0 на првиот натпревар практично си обезбеди осминафинале од Лига Европа, но и покрај тоа, Жозе Мурињо не ги одмараше своите играчи на денешниот реванш во Франција.

„Црвените Ѓаволи“ со победа од 0-1 го потврдија пласманот во следната рунда, но останаа без повредените Хенрих Мхитарјан и Мајкл Карик.

„Можете да се повредите дома, на излегување од куќата или пак во вашата градина, никогаш не знаете кога ќе се случи тоа и зошто – се правдаше „Специјалниот“ по крајот на натпреварот.

„Повредите се разултат на големиот број натпревари. Но кога некој недостасува, тоа е шанса за некој друг.

„Очигледно Мхитарјан и Карик се важни играчи и ќе биде комплицирано без нив во финилето.

„Не велам дека тие дефинитивно се надвор од комбинација, едноставно имам такво чуство. Има три дена до натпреварот, па дури и за најмали повреди на задната ложа и листот мислам дека три дена не се доволно.