24фудбал

Пјаца: Тренерот одлучува кој ќе игра, а јас го чекам мојот момент

Хрватскиот фудбалер, Марко Пјаца го постигна својот деби гол за Јувентус и тоа на мечот од Лигата на шампионите против Порто.

Лига на Шампиони

Пјаца дојде како скапо засилување од Динамо Загреб, но не доби многу шанса да ги покаже своите квалитети, па неговиот деби гол дојде дури денес.

Хрватот влезе од клупата и постигна гол за водство на Јувентус над Порто кое подоцна беше зголемено од Дани Алвеш.

„Многу сум среќен поради голот, но пред се поради победата, таа е многу важна за нас“ - вели Пјаца.

„Во реваншот треба да бидеме внимателни, бидејќи во фудбалот никогаш не знаеш што може да се случи“.

„Се разбира дека сакам да играм повеќе, но ќе продолжам да работам, тренерот избира, а јас го чекам мојот момент“.