24фудбал

Во 2004 ја победија Македонија, па чекаа 13 години за нов триумф (ВИДЕО)

По пауза од 13 години Андора забележа нова победа, во 2004 ја совладаа Македонија, синоќа беа подобри од Сан Марино со 2-0.

Македонија

Во сенка на натпреварите од Лигата на шампионите и Лига Европа, синоќа се одигра пријателски меч помеѓу можеби двете најслаби селекции во Европа, Сан Марино и Андора.

Андора славеше со 2-0, тоа беше нивна прва победа по 86 одиграни натпревари, откога ја совладаа Македонија со 1-0 во октомври 2004 година.

Гостите поведоа преку 37-годишниот ветеран Илдефонс Лима во 28. минута кога прво домашниот голман Елиа Бенедетини му го одбрани ударот од белата точка, но Лима налета на одбиената топка и ја затресе мрежата. Андора ја запечати победата во 66. минута преку Кристиан Мартинес. Натпреварот се одигра во прилично лоши услови поради густата магла.


Победата во Сан Марино беше само четврта за Андора и прва гостинска во нивната 21 годишна историја. Освен Сан Марино и Македонија, ги имаат победено и Албанија и Белорусија.

Да се потсетиме на срамниот пораз на Македонија од Андора во 2004 година: