24фудбал

Роналдо „експлодираше“ по крајот на дуелот со Валенсија: Јас постигнав гол, ти што направи? (ВИДЕО)

Камерите на Депортес Кватро го уловија Кристијано Роналдо како гневно испраќа порака до соиграч по крајот на натпреварот со Валенсија, но нејасно е за кого беше наменета

Шпанија

„Кралевите“ вчера ја пропуштија првата „брејк топка“ и загубија на гостувањето на Местаља во заостанатиот натпревар од 16. коло.

Реал Мадрид пропушти шанса дополнително да се одлепи на врвот, па играчите беа разочарани.

Фрустрацијата по последниот свиреж на судијата не можеше да ја сокрие ниту стрелецот на единствениот погодок, Кристијано Роналдо.

Камерите на Депортес Кватро го уловија ЦР7 како гневно довикнува: „Јас постигнав гол, ти што направи?

Целиот инцидент сепак не беше убаво фатен, и нејасно е на кого беше наменета пораката на Португалецот, кој потоа застана да се поздрави со својот сонародник Нани.