24фудбал

Деби на Бабунски со прекрасен гол и победа на Јокохама! (ВИДЕО)

Давид Бабунски имаше почеток на кариерата во Јапонија таков каков што само може да замисли, постигна прекрасен гол а неговата Јокохама победи со 3-2.

Македонија

На стартот од новата сезона во Јапонија, победа за Јокохама, а големи заслуги за тоа одат на адреса на Давид Бабунски.

Македонскиот фудбалер со прекрасен гол од далечина во 13. минута го отвори резултатот. Тој одигра 80. минути и беше еден од најдобрите на теренот.