24фудбал

Шмајхел прв од фудбалерите го кажа мислењето за Раниери по неговото заминување (ФОТО)

Голманот на Лестер, Каспер Шмајхел прв се огласи од играчите на тимот искажувајќи само убави зборови за неговиот веќе поранешен тренер, Клаудио Раниери.

Англија

Иако се шпекулира дека и Каспер Шмајхел бил еден од незадоволните играчи на Лестер кои се пожалиле на раководството од работата на Раниери оваа сезона, тој јавно искажа големи зборови за италијанскиот стратег.

По Гери Линекер, Жозе Мурињо, Јирген Клоп... и Каспер Шмајхел зборува за големината на Клаудио Раниери.

„Би сакал да му се заблагодарам на Клаудио за се што направи за Лестер и за мене лично“ - напиша Шмајхел на својот инстаграм профил.

„Тој заслужува огромна почит и голема заслуга за тоа што го освои тука со нас. Фала шефе“.