24фудбал

Инвестицијата на Јуве веќе почна да се исплаќа, Калдара го сруши Наполи (ВИДЕО)

Новото засилување на „Старата Дама“, Матија Калдара го сруши Наполи на Сан Паоло и ги оддалечи „Наполитанците“ од трката за титулата

Италија

Јувентус во јануари инвестираше 15 милиони евра, плус 6 додатни милиони во бонуси, во 22 годишниот Матија Калдара но го остави дефанзивецот во Аталанта.

Младиот Италијанец уште сега почна да ја исплаќа инвестицијата на „Бјанконерите“ откако вечерва го сруши Наполи и ги оддалечи „Наполитанците“ од трката за титулата.

Калдара го отвори резултатот во 28. минута откако одлично се снајде по еден корнер.


Тој потоа погоди уште еднаш по еден брз против напад во 70. минута за 0-2 и три бода за Аталанта.