24фудбал

Голот на Несторовски доволен само за бод, Палермо не издржа до крај (ВИДЕО)

Илија Несторовски одново стрелаше прецизно но неговиот гол против Сампдорија на крајот беше вреден само бод откако одбраната на Палермо капитулираше во 90. минута

Италија

„Сицилијанците“ беа на чекор до важна победа во трката за опстанок, но мораа да се задоволат само со бод во дуелот со Сампдорија.

Илија Несторовски одново погоди, Македонецот стигна до јубилејниот 10. погодок во Серија А.

По половина час игра, „Нестогол“ прецизно биеше од белата точка за предност од 1-0.

Домаќините беа на добар пат да освојат три бода и да дојдат на -5 во однос на Емполи, но одбраната капитулираше во 90. минута.

По еден брз против напад, Кваљарела погоди за 1-1.