24фудбал

Видео технологијата го одлучи дербито на Холандија (ВИДЕО)

Феенорд со 2-1 славеше над ПСВ во дербито на Холандија, а победникот беше одлучен со помош на технологија на гол линијата

Останато

Феенорд направи значеан чекор кон титулата откако денеска со 2-1 ја доби дерби пресметката со ПСВ.

Натпреварот беше одлучен со помош на видео технологијата.

Домаќините поведоа со 1-0 во 9. минута преку Торнстра, а Переиро изедначи на 1-1 во 62. минута.

Победоносниот гол падна во 82. минута, а судијата покажа кон центарот откако доби порака на часовникот од системот за технологија на гол линијата.

Ван дер Хајден биеше по една мешаница во шеснаесетникот на ПСВ, голманот на гостите некако успеа да одбрани и се чинеше дека го сочува својот гол, но од повторените снимки и видео технологијата се гледа дека топката со целиот обем ја поминала линијата.