24фудбал

Манчестер јунајтед го освои Лига Купот, Ибрахимовиќ херој на мечот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 3-2 го победи Саутемптон и го освои трофејот од Лига Купот, Златан Ибрахимовиќ со два гола беше најзаслужен за триумфот.

Англија

Манчестер јунајтед и Саутемптон одиграа возбудливо финале со пет голови и повеќе возбудувања по кое се радуваа „црвените-ѓаволи“.

Резултатот беше отворен во 19. минута кога Златан Ибрахимовиќ со убав гол од слободен удар му донесе водство на Манчестер јунајтед од 1-0.

По една одлична акција на фудбалерите на Јунајтед, Лингард го зголеми резултатот на 2-0.

Но за работите да бидат поинтересни се погрижи Габијадини кој постигна гол пред крајот на првото полувреме и го врати Саутемптон во игра.

Брзо по стартот на вториот дел нов шок за Манчестер јунајтед, Габијадини постигнува уште еден гол за израмнување на 2-2.

Кога се чинеше дека мечот ќе замине во продолженија, на сцена стапи Ибрахимовиќ, кој погоди со глава во 87. минута за 3-2 и трофеј на Манчестер јунајтед во Лига Купот.

Ова е втор трофеј на Манчестер јунајтед под водство на Жозе Мурињо доколку се земе во предвид и освоениот Комјунити Шилд на почетокот од сезоната.