24фудбал

Реал Мадрид со голем пресврт до победа над Виљареал (ВИДЕО)

Реал Мадрид се врати од два гола негатива и со 3-2 победи на гостувањето кај Виљареал, меч во кој сите погодоци паднаа во втрото полувреме.

Шпанија

По мирниот прв дел никој не очекуваше бура во второто полувреме, но токму тоа се случи на Ел Мадригал.

Со головите на Тригерос и Бакамбу, Виљареал поведе со 2-0, во тие моменти се чинеше дека Реал Мадрид е пред уште еден пораз.

Но, кралот се крена кога најмногу требаше. Најпрво Бејл во 64. минута намали на 2-1, а десет минути подоцна Кристијано Роналдо од пенал изедначи на 2-2.

Во 83. минута нововлезениот Алваро Мората реализира за комплетен пресврт и победа на Реал Мадрид од 3-2.

Три бода со кои остануваат на чело на табелата во Примера, позиција која денеска за момент беше освоена од Барселона.