24фудбал

Рома го оддалечи Интер од Лигата на Шампионите, „Нинџа“ го замолкна Џузепе Меаца (ВИДЕО)

„Римската Волчица“ славеше со 1-3 на гостувањето кај Интер и ги оддалечи „Нероаѕурите“ од битката за местата кои водат во Лигата на Шампионите

Италија

По вчерашниот пораз на Наполи, Интер со победа над Рома вечерва можеше да направи значаен исчекор кон топ три пласман на табелата.

Но „Римската Волчица“ се покажа како пресилен противник и со три бода си замина од Џузепе Меаца.

Резултатот го отвори Наинголан со одличен гол во 12. минута. Популарниот „Нинџа“ испрати проктил за 0-2 во 56. минута.

Икарди го врати Интер во игра во 81. минута, но сите дилеми беа решени во 85. минута кога Пероти погоди од белата точка за 1-3.