24фудбал

Претседателот на Виљареал бесен: Судиите го напуштија стадионот со торби од Реал Мадрид!

Првиот човек на „Жолтата подморница“, Фернандо Роиг е разочаран од начинот на кој Хил Манзано ја делел правдата, и обвинува дека судијата стадионот го напуштил со торби од Реал Мадрид

Шпанија

„Кралевите“ вчера издвојуваа голема победа на Ел Мадригал откако направија кам-бек по два гола негатива за да слават со 2-3 и да се вратат на врвот на табелата.

Веројатно клучен момент на средбата беше пеналот кој Хил Манзано го досуди при 2-1 откако Бруно играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Топката одеше надвор од шеснаесетникот и тоа откако еден играч на Виљареал ја изби, но судијата мислеше дека има доволно елементи за пенал, па и покрај големите протести од страна на домаќините, покажа на белата точка а Роналдо изедначи на 2-2.

Претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг е разочаран од начинот на кој се делеше правдата, и фрла дополнителен сомнеж велејќи дека судиите го напуштиле стадионот со торби од Реал Мадрид.

„Хил Манзано и неговите асистенти го напуштија стадионот со торби од Реал Мадрид – вели Роиг. „Според мене, тоа не е добро.

„Мислам дека по пеналот, кој не требаше да се досуди, не можеме да збориме за голем кам-бек на Реал Мадрид.

„Сите зборуваат дека се работи за избиена топка, и кога е избиена топка не се суди пенал. Бруно немаше никаква намера.