24фудбал

„Нинџа“ е феноменален, претрча 60 метри и испрати проектил од 100 км/ч (ВИДЕО)

Медиумите од Италија имаат многу пофални зборови за Раџа Наинголан по вчерашната победа на Рома на госувањето кај Интер, особено за неговиот втор погодок

Италија

Популарниот „Нинџа“ полека прераснува во клучен играч на „Римската Волчица“ и тоа го демонстрираше уште еднаш на вчерашниот дуел со Интер.

Репрезентативецот на Белгија со убав гол го отвори резултатот во 12. минута, а потоа погоди уште еднаш за 0-2 во 56. минута.

Медиумите од Италија се особено импресионирани од вториот погодок. Наинголан освои една топка на својата половина, претрча 60 метри и биеше неодбранливо.

Телеметријата на Скај Италија покажала дека проектилот на „Нинџа“ се движел со речиси 100 км/ч или поточно 99,21 км/ч.