24фудбал

Тажна вест од Хрватска: Почина славниот играч на Динамо Загреб, Звездан Цветковиќ

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Звездан Цветковиќ утрово бил пронајден мртов во гаража во Загреб.

Останато

Хрватска се разбуди со тажна вест, славниот фудбалер на Динамо Загреб, Цветковиќ е пронајден мртов. Тој имаше 56 години.

Се уште не се познати причините за смртта, на телото немало траги од насилна смрт.

Звездан Цветоковиќ дресот на Динамо Загреб го носеше од 1980 до 1987 година и беше еден од најдобрите дефанзивци во екс Југославија во тој период. По крајот на кариерата беше и тренер и спортски директор на Динамо.