24фудбал

Рајола ги предупредува „Росонерите“: Донарума заслужува одличен состав, а не одличен Милан

Агентот на Џиџо Донарума, Мино Рајола уште еднаш под знак прашалник ја става иднината на неговиот клиент на Сан Сиро

Италија

Италијанецот изминатиов викенд наполни 18 години, и сега може да добие нов долгодишен договор.

Милан е во процес на превземање од страна на конзорциум од Кина и клубот треба да добие нови сопственици, но комплетирањето на зделката се одложуваше во неколку наврати.

На Мино Рајола не му се допаѓа ова, па агентот не ја отфрла можноста Џиџо Донарума да замине од Сан Сиро наместо да ја продолжи верноста.

„Каква ќе биде неговата иднина? Знам многу работи, но да предвидам што ќе се случи утре е премногу тешко“ – вели контроверзниот агент.

„Направивме пакт со клубот, да го оставиме на мира и да не говориме на оваа тема, па ќе ги почитувам правилата“.

„Дали Џиџо ќе остане во Милан? Не сум слушнал ништо од новите сопственици, за мене, Галијани е тој што го преставува Милан.

„Џиџо си ја врши неговата работа, јас мојата. Моја задача е да се погрижам за неговата иднина и опциите, тој на крајот сам ќе одлучи“.

„Но ги поставувате погрешните прашања, наместо да се фокусирате на новиот договор, треба да прашата каква ќе биде иднината на Милан. Никој не може да каже.

„Се додека не видам кој е новиот сопственик и не почнам да разговарам со нив, не можам да имам јасна слика.

„Дали Џиџо заслужува одличен Милан? Не, тој заслужува одличен тим. Не сум венчан со никого, мојата работа не е да бидам фан на некој тим.