24фудбал

Рамос одговори на критиките на Дани Алвеш

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамо му одговори на Давид Алвеш кој претходно упати критики на адреса на шпанскиот дефанзивец.

Шпанија

Рамос претходно се пожали дека лошо е третиран од фановите на Севиља каде што играше пред да дојде во Реал Мадрид, а за разлика од него Дани Алвеш и некои други играчи се поздравувани од публиката иако и тие ја напуштиле Андалузија.

На ваквото мислење на Рамос, Дани Алвеш упати критики и рече дека Серхио не заслужува почит од навивачите на Севиља бидејќи го одбрал Реал Мадрид како негов нов клуб.

Серхио Рамос не остана покус па рече дека Дани Алвеш нема право да зборува за лојалност.

„Кога таквите зборови доаѓаат од некој кој една година го сака Бразил, па следната ја сака Севиља и Шпанија, а потоа Барселона, па оди во Италија... немам што да кажам“ - вели Рамос.