24фудбал

Навивачите на Кристал Палас си постигнаа „автогол“, го оштетија нивниот автобус, мислејќи дека е на противникот (ФОТО)

Навивачите на Кристал Палас му направија штета на својот клуб оштетувајќи го автобусот, тие мислеле дека тој му припаѓа на Мидлсброу.

Англија

Изминатиот викенд Кристал Палас го совлада Мидлсброу со 1-0, важна победа за екипата на Сем Алардајс, но за се да не биде така убаво се погрижија домашните навивачи.

На автобус паркиран пред хотелот за гостинските навивачи тие испишале „Кристал Палас“ со спрејови, а претходно го обоиле со црвена и сина боја. 

Мислеле дека тоа е автобус на Мидлсброу, но тоа било возило на нивниот тим. Од клубот потврдија дека е направена штета од околу 45.000 евра.

„Тимскиот автобус беше ишкртан со графити ноќта пред натпреварот со Мидлсброу. Полицијата е известена за инцидентот“ - потврди портпаролот на Кристал Палас.

Инцидентот слободно може да се смести во еден од најглупавите потези на некоја навивачка група.