24фудбал

Несторовски и Трајковски ќе добијат нов газда

Сопственикот на Палермо, Маурицио Ѕампарини потврди дека наскоро ќе се повлече од клубот, а на негово место ќе дојдат американски сопственици.

Италија

Ѕампарини е сопственик на Палермо од 2002 година, најмногу е познат по честото менување на тренерите, но и одличниот скаутинг кој го имаше клубот.

Тој потврди дека наскоро заминува од клубот и го продава на американски инвеститори.

„Нема да останам во Палермо како почесен претседател“ - вели Ѕампарини.

„Мојата оставка ќе се случи многу наскоро, а потоа американските инвеститори ќе го преземат клубот“.

„Не можам да кажам сега кои се тие. Но не сум почесен претседател и нема да бидам“.

„Ќе бидам со нив на стартот од преземањето за да им асистирам, да им дадам совети како да се справат со ситуацијата и потоа комплетно ќе заминам“.