24фудбал

Елегантен лоб на Нејмар и македонското знаме во позадина (ВИДЕО)

На дуелот со Селта, Нејмар постигна гол со прекрасен лоб удар, а во позадина беше развиорено македонското знаме.

Видео

По убава асистенција на Меси, Нејмар елегантно го лобуваше голманот на Селта, Алварез и донесе водство на Барселона од 2-0.

Во моментот на постигнување на погодокот, на Камп Ноу позади голот на Селта се развиори и македонското знаме од наши фанови кои и даваат поддршка на Барселона.