24фудбал

Зидан ќе потроши 200 милиони фунти за три ѕвезди, од Челси, Јунајтед и Јувентус

Медиумите шпекулираат дека Реал Мадрид на барање на Зинедин Зидан летоска ќе инвестира над 200 милиони фунти за засилување на составот

Шпанија

„Кралевите“ се на добар пат да ја освојат титулата во Примера за прв пат по 2012, а во игра се и за одбрана на трофејот од Лигата на Шампионите.

Но и покрај тоа, Зинедин Зидан бара нови екстра засилувања и Реал Мадрид е подготвен да го одврзе ќесето по крајот на сезоната.

Голманската позиција се посочува како една од послабите алки во тимот, па „Кралевите“ ќе го обноват интересот за Давид Де Геа и спремни се да платат 50 милиони фунти за ангажман на Шпанецот.

Карим Бензема продолжува да игра под очекувањата, неговата позиција во тимот е под знак прашалник, и се говори дека Зинедин Зидан го сака Пауло Дибала од Јувентус.

Аргентинецот има нова одлична сезона, нема да биде ефтин и Реал Мадрид ќе треба да искешира околу 75 милиони фунти за неговите услуги.

Последна желба на Зинедин Зидан е Еден Азар, Французинот не крие дека е голам фан на фудбалерот на Челси.

За услугите на Белгијанецот, клубот од Сантијаго Бернабеу е спремен да плати 80 милиони фунти.