24фудбал

„Бентли, нови куќи, недоволно залагање“ – Сунес ги наброја причините за лошото издание на играчите на Лестер

Грем Сунес даде свое мислење за ситуацијата во Лестер и зошто играчите играа далеку под очекувањата до пред неколку недели се до моментот кога Клаудио Раниери доби отказ

Англија

Ѕвездите на „Лисиците“ до пред неколу недели беа само бледа сенка на играчите од минатата сезона кога на големо изненадување стигнаа до титулата во Премиерлигата.

За слабите изданија цената ја плати тренерот Клаудио Раниери, кој доби отказ и покрај големиот успех.

Откако си замина Италијанецот, работите се променија преку ноќ, играчите на Лестер одново гинат на теренот и сврзаа три победи, последната над Севиља за прогрес во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Со ваква игра ја освоија титулата во Англија – вели Грем Сунес за тримфот над Севиља.

„Кога сте менаџер, и кога сте ја освоиле титулата, дали следната сезона ќе промените одредени работи? Доколку нешто не е расипано зошто да се обидете да го поправите?

„Сигурно ги правел истите тренинзи, им зборувал на ист начин, се подготвувал за натпреварите на ист начин, патувале на натпреварите на ист начин – сè било исто.

„Сигурно дел од фудбалерите на стартот од сезоната почнале да си мислат „Ние сме големи играчи, ние сме шампиони“, и ја тргнале ногата од педалата за гас. Уживале во комфорните фотелји, со Бентли на паркингот и можеби купиле нови куќи. Престанале да притискаат и да го даваат максимумот.

„Што прави менаџерот (Раниери) во ваква ситуација? Менаџерот сигурно на некои играчи им замерил.

„Па поради ова има нарушен однос со двајца или тројца влијателни играчи во соблекувалната, тие добиваат поддршка од другите, и одеднаш, тој има нарушен однос со речиси цел тим.

„Мислам дека ова се има случено.

„Но тие играчи, кои сега одново играат на високо ниво и мислат дека се вратиле и дека се големи играчи, тие ќе паднат одново, ви гарантирам. Чим еднаш го сториле тоа, ќе го сторат одново, ќе ве разочараат уште еднаш.