24фудбал

Мурињо: Јунајтед продаде играчи кои јас никогаш не би ги продал и донесе играчи кои јас никогаш не би ги купил

Жозе Мурињо ја искритикува работата на неговиот предходник Луј ван Гал, не се сложува со трансфер политиката на Манчестер јунајтед под водство на Холанѓанецот

Англија

Откако Дејвид Мојс и Луј ван Гал не ги оправдаа очекувањата, „Црвените Ѓаволи“ минатото лето му ја доверија задачата на Жозе Мурињо да го врати клубот на шампионски патеки.

Поргугалецот веднаш почна да создава тим по негов мерак и ги донесе Ерик Баји, Златан Ибрахимовиќ, Хенрих Мхитарјан и Пол Погба, за кого плати рекордни 105 милиони евра.

Во разговор со БиБиСи, тој сега се пожали дека не му се допаднал составот кој го наследил од Луј ван Гал и вели дека не се сложува со трансфер политиката на Манчестер јунајтед под водство на Холанѓанецот.

„Манчестер јунајтед продаде играчи кои јас никогаш не би ги продал и донесе играчи кои јас никогаш не би ги купил” – вели Специјалниот.

Запрашан кои играчи би ги задржал, тој одговара: „Никогаш не би ги продал Ди Марија, Чичарито и Дени Велбек. Никогаш, нема шанси”.

Луј ван Гал во 2014 го продаде Дени Велбек на Арсенал, следната година го продаде Анхел Ди Марија на ПСЖ, а тоа лето му дозволи и на Чичарито за ефтини пари да заврши во Баер Леверкузен.