24фудбал

Пике: Како мало дете се радував на победата од 6-1 над ПСЖ

Жерард Пике уживал во магичната ноќ и големата победа од 6-1 над ПСЖ, вели дека историскиот кам-бек бил подобар и од триумф во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

„Каталонците“ минатата недела испишаа историја откако се вратија од 4-0 негатива по првиот натпревар и го продолжија настапот во најелитното европско натпреварување.

Неколку спорни одлуки на судијата Дениз Ајтекин во корист на Барса фрлаат мала сенка врз успехот на клубот од Камп Ноу, а капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ја потенцираше контроверзијата и пред некој ден изјави „натпреварот беше историски во секој поглед“.

Но Жерард Пике не му обрнува премногу внимание на ова и вели дека уживал во магичната ноќ и се радувал како мало дете.

Не ми пречи она што го кажа Рамос, тој е во право, натпреварот беше историски – вели дефанзивецот на Барса.

„Се радував како мало дете, тоа беше ноќ од соништата. Имам освоено неколку трофеи од Лигата на Шампионите и чуството по кам-бекот беше исто, ако не и подобро.

„Доживеавме нешто незаборавно, за ова ќе им раскажуваме на нашите деца.

„Сега мораме да го дадеме максимумот за да триумфираме во Лигата на Шампионите. Мораме да го сториме тоа за кам-бекот, кој ќе биде запамтен како еден од најголемите, да не биде залуден.