24фудбал

Синот на Дирк Кајт е вонсериски талент, на пет години дрибла подобро од татко му (ВИДЕО)

Дирк Кајт на својот инстаграм профил се пофали со талентот на својот син, кој ако продолжи да се развива како што почнал, може да го надмине татко му.

Видео

Аидан Кајт на пет години покажува вонсериски талент, дрибла како што татко му никогаш не го правел тоа.

Дирк Кајт важи за еден од најголемите работници на теренот, но никогаш не го красела креативната игра. Од видеото се чини дека неговиот син има поголем талент.