24фудбал

Хасани и Бејтулаи отпаднаа поради повреди, Спировски и Тошевски повикани за Лихтенштајн

Принудни промени во македонската селекција поради повреди, Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи поради повреди нема да можат да настапат на квалификацискиот дуел против Лихтенштајн.

Македонија

Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаии поради повреди нема да можат да бидат во комбинација за дуелот против Лихтенштајн, па селекторот Игор Ангеловски беше принуден да направи промени.

На нивно место се повикани Стефан Спировски од Вардар и Кристијан Тошевски од Пелистер.

Македонија на 24. март во Вадуц му гостува на Лихтенштајн во квалификациски натпревар за пласман на СП 2018.