24фудбал

Фергусон: За една работа од финалето во 2008 во Лигата на Шампионите жалам и до ден денес

Сер Алекс Фергусон не жали што во 2013 реши да стави крај на богатата кариера, но вели дека жали за една негова одлука од финалето во Лигата на Шампионите во 2008

Англија

Шкотот летоска одново ќе седне на клупата на „Црвените Ѓаволи“ но само за натпреврот во чест на Мајкл Карик.

Сер Алекс Фергусон, кој стави крај на богатата кариера во 2013. вели дека не жали за одлуката да го напушти фудбалот.

Но легендата на Манчестер јунајтед признава дека жали за една негова одлука од финалето во Лигата на Шампионите во 2008.

„Не ми недостасува работата како менаџер – вели Шкотот. „Секако, ми недостасуваат големите натпревари, но донесов одлука и уживам во времето поминато надвор од фудбалот.

На натпреварот во чест на Мајкл Карик, Сер Алекс Фергусон ќе го предводи тимот во кој ќе играат фудбалерите кои во 2008 стигнаа до титулата во најелитното европско натпреварување.

„Тоа беше навистина одлична група на играчи кои се однесуваа фантастично. Имавме навистина силен состав.

„Единствен проблем за финалето од 2008, и одлука за која жалам и до ден денес е тоа што комплетно го изоставив Парк Џи Сунг од финалето.

„Одигра клучна улога за нас таа сезона, но секогаш имате вакви проблеми во големите финилиња.

„На Вембли (против Барселона), истото му го сторив на Бербатов и тој лошо ја прифати одлуката. Не го заслужи тоа.

„Ниту еден играч не заслужува да биде изоставен од финале. Затоа на собирите на тренерите и на семинарите се обидуваме да издејствуваме да има 11 замени на финалните натпревари.