24фудбал

Икарди знае како да ги освои срцата на фановите на Интер: Најважни ми се головите против Јувентус!

Мауро Икарди знае како да се врати во добар однос со навивачите на „Нероаѕурите“, вели дека головите против лутиот ривал Јувентус секогаш му се најважни

Италија

Капитенот на „Нероаѕурите“ не е во најдобар однос со навивачите на Интер откако во неговата автобиографија се појавија неколку спорни стории.

Но Мауро Икарди знае како да се искупи и во разговор со магазинот GQ вели дека головите против лутиот ривал Јувентус секогаш му се најважни.

„Мојот најубав гол веројатно е оној против Болоња постигнат надвор од шеснаесетникот – вели Аргентинецот.

„Најважниот... дефинитивно тоа се головите против Јувентус.