24фудбал

Еве ја понудата на Барселона за Масимо Алегри

Медиумите од Италија пренесуваат дека Барса веќе остварила контакт со Масимо Алегри и стратегот на маса има понуда да стане наследник на Луис Енрике

Шпанија

„Каталонците“ се во потрага на нов тренер откако Луис Енрике соопшти дека нема да стави потпис на нов договор и по крајот на сезоната ќе замине од Камп Ноу.

Медиумите ја поврзуваат Барселона со голем број на имиња, а едно од нив е Масимо Алегри.

Според Премиум Спорт, шампионот на Шпанија веќе остварила контакт со тренерот на Јувентус.

Масимо Алегри има понуда да го наследи Луис Енрике и на маса има три годишен договор вреден 24 милиони евра.

Италијанецот претходно се поврзуваше и со клупата на Арсенал, а од таборот на Јувентус постојано инсистираат дека тој нема да замине од Торино.

Што се однесува до другите имиња за наследник на Луис Енрике, на листата со желби високо котираат уште Хуан Карлос Унзуе и Ернесто Валверде.