24фудбал

Ливерпул подготвува понуда за Иван Перишиќ

Медиумите од Италија пишуваат дека Ливерпул наскоро ќе испрати понуда од 35 милиони евра до Интер за Иван Перишиќ.

Италија

Хрватскиот фудбалер игра одлична сезона во која се промовираше во еден од главните играчи на тимот. На 33 меча постигна девет голови и има седум асистенции.

Перишиќ во Интер пристигна од Волфсбург за 19 милиони евра, сега клубот од Милан има можност да заработи речиси двојно повеќе.

Според „Туромеркатовеб“, Ливерпул подготвува понуда од 35 милиони евра за Перишиќ.

Тоа би било повторно обединување со Клоп бидејќи двајцата работеа заедно од 2011 до јануари 2013 во Борусија Дортмунд.

Но, Интер тешко ќе се откаже од услугите на Перишиќ, амбицијата на клубот е враќање на врвот во Италија и во Лигата на шампионите, па ќе направат се за да ги задржат своите најдобри фудбалери.