24фудбал

Најмалку 20 клубови ја следат младата ѕвезда на Аталанта

Талентираниот Франк Кесие од Аталанта привлекува огромно внимание, агентот на играчот открива дека најмалку 20 клубови го следат неговиот клиент

Италија

20 годишниот репрезентативец на БСК има одлична сезона, се најавува како новиот Јаја Туре, па големите клубови од Европа редовно праќаат скаути да ги следат неговите игри.

Во зимскиот преоден рок, Аталанта одби понуда од Челси вредна 25 милиони евра, а во последно време фудбалерот од средниот ред силно со поврзува со трансфер во Рома и Наполи.

„Најмалку 20 клубови го следат Франк Кесие – вели агентот на играчот, Жорж Атангана во разговор со Радио Кис Кис. „Помеѓу кои и најдобрите во Европа.

„Не сум имал средба со Наполи и Де Лаурентис. За евентуален трансфер ќе разговараме по крајот на сезоната, во јуни.

„Но морам да признам дека Наполи е атрактивен клуб, имаат одличен тренер.

„Која е неговата цена? Клубот што ќе сака да го купи ќе треба да инвестира многу.