24фудбал

Доказ дека Манчестер јунајтед е најнесреќниот тим во Премиерлигата

Статистиката на „Опта“ покажува дека Манчестер јунајтед ќе беше втор на табелата доколку дел од пречките и стативите кои ги погоди досега беа претворени во гол.

Англија

Манчестер јунајтед во моментов е на петтата позиција на табелата, имаат долга серија без пораз, но пропуштија да соберат повеќе бодови против екипи за кои беа фаворити.

Дури 16 нивни шутеви завршија во конструкцијата од голот, толку има и Манчестер Сити и Тотенхем. Голем дел од нив се на Погба, па доколку влезеа можеби и помали ќе беа критиките кон него.

Но, компанијата за спортска статистика „Опта“, направи интересно истражување. Колку повеќе или помалку бодови ќе имаа екипите доколку сите удари во конструкциите на головите завршеа како погодоци.

Манчестер јунајтед ќе имаше дури 11 бодови повеќе и ќе беше на второто место на табелата, Сити е на второто место со плус шест бодови. Тоа значи дека тимот на Мурињо е убедливо најнесреќниот во Премиерлигата.

Португалскиот стратег ужива да се жали по натпреварите, па оваа статистика му е адут повеќе да го прави тоа.

Како би изгледала табелата доколку сите удари во конструкцијата на голот беа погодоци:


Колку бодови ќе имаа повеќе или помалку екипите доколку сите удари во конструкцијата на голот беа погодоци:


Колку пати екипите ја погодиле конструкцијата на голот: