24фудбал

Фергусон објасни зошто доминацијата на Шпанија на европската сцена е пред крај

Поранешниот менаџер на „Црвените Ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон предвидува дека во скоро време клубовите од Шпанија ќе престанат да доминираат во Европа

Лига на Шампиони

Премиерлигата можеби е најбогатот првенство на стариот континент и клубовите од „Островото“ успеваат да ги привлечат најдобрите играчи, но клубовите од Англија се мачат на европската сцена.

Шпанските преставници доминираат во натпреварувањата под капата на УЕФА, изминативе три сезони Реал Мадрид во два наврати и Барселона еднаш стигнаа до трофејот од Лигата на Шампионите, а Севиља три години по ред е шампион во Лига Европа.

Во разговор со ЕСПН, Сер Алекс Фергусон вели дека ваквата доминација е поврзана со фактот што двајцата најдобри фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо и Лео Меси играат во Шпанија.

Шкотот предвидува дека во скоро време, со оглед на тоа дека Роналдо и Меси ќе бидат се постари, шпанските клубови полека ќе го губат здивот.

„Успехот доаѓа во циклуси – вели легендата на Манчестер јунајтед.

„Во 70тите беа Ајакс и Баерн Минхен. Во 80тите Ливерпул, во 90тите беше Милан..

„Англија исто така имаше период на доминација, пред неколку години три тима во полуфиналето беа од Премиерлигата. Манчестер јунајтед играше три финалиња во четири години.

„Сега Шпанија доминира. Тие се најдобри, и затоа победуваат.

„Но тоа ќе се промени. Роналдо ќе остари, Меси ќе остари.

„Ќе можат ли да ги заменат овие играчи? Мислам дека тогаш циклусот ќе се промени.