24фудбал

Буфон сака кариерата да ја заврши како Зидан, со глава да удри противнички играч!

Легендата на Јувентус и Италија, Џиџи Буфон вели дека размислува за начинот на кој ќе ја заврши кариерата и се шегува дека би можел да оди по стапките на Зинедин Зидан

Италија

Џиџи Буфон, кој утре против Албанија ќе го одигра натпреварот број 1000, планира да се повлече од фудбалот по мундијалот во Русија.

„Како го замислувам мојот последен натпревар? Можеби ќе го следам Зидан, и ќе удрам некого со глава – вели голманот со насмевка на лицето.

„Но пред да почнам да мислам за крајот на кариерата, најпрво треба да обезбедиме настап на Светското првенство во Русија.

„Можеби последниот натпревар ќе ми биде на мундијалот во 2018. Се уште имам време да размислам.

Зинедин Зидан стави крај на кариерата откако во финалето на СП 2006 не успеа да одолее на провокациите на Марко Матереци и со глава го удри дефанзивецот на „Аѕурите“.