24фудбал

Перез одлепи: Бензема е микс на Зидан и Роналдо, и најдобар напаѓач во светот!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез продолжува да му дава голема поддршка на Карим Бензема, вели дека Французинот е најдобриот напаѓач во светот

Шпанија

Голгетерот никако да блесне во дресот на „Кралевите“ но и покрај тоа местото во стартниот состав му е загарантирано и многумина се чудат зошто тренерите на Реал Мадрид упорно го форсираат Карим Бензема.

Французинот оваа сезона има само осум погодоци во првенството, но и покрај тоа Флорентино Перез има верба во напаѓачот и подготвен е да го задржи во клубот до крајот на кариерата.

„Карим е микс на Роналдо и Зидан. Според мене, тој е најдобрата 9ка во светот!” – вели првиот човек на Реал.

„Сигурен сум дека ќе остане, но во моментов не преговараме за нов договор. Доколку зависеше од мене, ќе го задржев до крајот на кариерата”.

За обвинувањата дека Бензема игра само поради тоа што е милениче на претседателот, Флорентино Перез одговара: „Тој игра поради своја заслуга, поради тоа што се однесува фантастично, а не поради мене”.

Ваквите изјави на Флорентино Перез наидуваат на потсмев кај дел од фановите, бројките на Карим Бензема изгледаат смешно доколку се споредат со оние на Луис Суарез, Роберт Левандовски и Златан Ибрахимовиќ кои се гаранција за над 30 погодоци по сезона.