24фудбал

Играч на Манчестер Сити му се нуди на Реал Мадрид

Според пишувањата на Марка, дефанзивецот на „Граѓаните“, Николас Отаменди му се понудил на Реал Мадрид како замена за Пепе, кој е на излезни врати од Бернабеу

Шпанија

Пепе е под договор со „Кралевите“ до крајот на сезоната, преговорите тапкаат во место и се поизвесно е дека Португалецот ќе го напушти клубот.

Па Реал Мадрид е во потрага на замена за Пепе и прва опција е младиот Хесус Ваљехо кој е испратен на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.

Според Марка, шампионот на Европа има уште неколку алтернативи и тоа благодарејќи на понудите што ги добиваат од агентите и посредниците.

Весникот пишува дека последен ваков случај е Николас Отаменди, дефанзивецот на Манчестер Сити.

Аргентинецот не ужива потполната доверба кај Пеп Гвардиола па сака да се врати во Шпанија, а Реал Мадрид е неговиот прв избор.