24фудбал

Реал Мадрид пикира две ѕвезди на Челси

Според пишувањата на медиумите од Англија, Реал Мадрид посакува летоска да ангажира двајца играчи на Челси, „Кралевите“ ги пикирале Еден Азар и Тибо Куртоа

Шпанија

Реал Мадрид новиот „Галактико“ го гледа во Премиерлигата, според пишувањата на Гардијан и Дејли Мејл, Еден Азар е прва желба на „Кралевите“.

Шампионот на Европа веќе остварил контакт со агентите на Еден Азар и подготвиле стратегија за ангажман на Белгијанецот.

„Кралевите“ исто така сакаат да го ангажираат и неговиот сонародник и соиграч од Челси, Тибо Куртоа.

Голманот неодамна истакна дека не размислува за заминување од Лондон, но Реал верува дека тој е отворен за идејата да се врати во Мадрид и тие можат да го убедат да ја промени средината.

Извештаите велат дека Реал Мадрид во целата зделка е подготвен да вклучи и некој свој играч.

Алваро Мората е првото име, Антонио Конте е голем фан на Шпанецот и Челси минатото лето достави богата понуда која беше одбиена.

Хамес Родригез исто така би можел да биде жртвуван за Челси да прифати да се раздели со своите две големи ѕвезди